Околу 40.000 ученици немаат опрема за онлајн настава, часовите ќе ги следат на телевизија

На денешната заедничка пресконференција со премиерот Зоран Заев, министерката за образование и наука Мила Царовска и ја претстави на учениците, родителите и наставници Националната платформа за онлајн настава.

Според зборовите на министерката, националната платформа за настава на далечина е инклузивна, практична и едноставна за користење, а обезбедува учење на пет јазици – македонски албански турски, српски и бошњачки.

Царовска: Националната платформа ќе биде повеќе од добра замена за традиционалната настава

Царовска додаде дека обуките на наставниците се во тек, по што платформата ќе се тестира во сите училишта.

Аудио и видео материјали, брзи квизови и тестови ќе бидат само дел од креативните алатки кои ќе можат да ги користат наставниците при комуникација со учениците.

Одговорајќи на новинарско прашање Царовска посочи дека моментално окоу 40.000 ученици не ја поседуваат потребната технолошка опрема за настава на далечина, поради што ќе им бидат достапни снимени материјали од часовите кои ќе се емитуваат на националната телевизија.

Се предвидуваат 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Македонската телевизија, на посебни канали кои се обезбедени, за да може секое дете да има пристап до наставните материјали. Дополнително, училиштата ќе имаат обврска да ги испечатат потребни материјали и да се достават до секое дете преку родителите, а потоа да се вратат назад за да се оценат – истакна Царовска во одговор на новинарско прашање.

Одговарајќи на друго новинарско прашање, во однос на целодневната настава, Царовска рече дека се прават дискусии и со Комисијата за заразни болести и со министерството за труд и социјална политика.

– Се разгледува можноста децата да добијаt одредена заштита по завршување на часовите, штом ќе има конечна информација јавноста ќе биде известена – нагласи Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот