Царовска: Националната платформа ќе биде повеќе од добра замена за традиционалната настава

На денешната заедничка пресконференција помеѓу премиерот на Република Македонија Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска, претставена е националната платформа за онлајн учење која ќе се употребува од почетокот на новата учебна година. 

– Пандемијата покажа дека треба многу да научиме за планирањето на инвестициите во образованието и колку е тоа важно за сите нас. Пандемијата ни покажа дека ни е потребен добар образовен систем и дека треба да работиме на негова дигитализација.  За првпат со домашни ресурси и експерти подготвивме национална платформа за онлајн учење. Платформата за онлајн учење е инклузивна, едноставна за користење и јас сум убеден дека ќе ја засакаат сите. Пет јазици – албански, турски, српски и бошњачки јазик. Квалитетно и иновативно образование по мерка на секого е една од нашите основни цели. Давам безрезервна поддршка за импелентација на овој процес. Посветено ќе работиме на реформи во образованието – изјави Премиерот Заев.

Министерката Царовска во своето обраќање посочи дека се работи за едноставна платформа, која е едноставна за користење и за наставниците и за учениците, а дополнително самите ученици ќе имаат можност да понудат идеи за нејзина надоградба со цел платформата да биде полесна и поефективна за користење.

Силно се посветивме на креирање платформа за учење од далечина. Таа е влог за модернизација на образованието и алатка која ќе помогне да се задржи квалитетот на образованието и во време на пандемија, но ќе биде корисна и во иднина. Целосно ја разбирам загриженоста на родителите, како ќе одат на работа и како ќе им омагаат на своите деца при учењето.  Плтформата ќе биде предизвик за сите, но верувам дека ќе ја засакаме. Таа е лесна и практична и овозможува наставниците на едноставен и креативен начин да воспостават комуникација со учениците. Националната платформа е многу повеќе од подбра замена за традиционалното учење – изјави Царовска.

Министерката потоа откри со какви содржини ќе располага платформата, а истакна и дека веќе има обучени кадри кои ќе им ја презентираат платформата на наставниците пред стартот на учебната година.

– Наставникот ќе може да ги користи сите видео и аудио материјали од платформата. Ќе има квизови и брзи тестови кои ќе бидат поставени на платформата. Учениците директно ќе се вклучуваат во доградување на платформата за да ја адаптираат на своите потреби.  Платформата е преведена на сите наставни јазици. За користење на платформата најпрво се обучија 30 обучувачи од голем дел од општините од нашата држава. Обуката се изведува на три наставни јазици, а  веќе обучените лица ќе ги обучат и сите наставници на ниво на поединечни училишта – изјави Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот