ОЈО ГО ДЕМАНТИРА ЗАЕВ: За Кики и Коки не се води истрага, но се следат информациите

обвинителство ојо

Од Основното јавното обвинителство информираат дека за случајот во кој, според шпекулациите кои постојат во јавноста, сопственик на медиум рекетира и изнудува пари од бизнисмени и услуги од власта, не се води истрага, како што истакна премиерот Зоран Заев, туку се прибираат информации.

– Јавното обвинителство од самиот почеток ги следи сите информации и ќе постапува доколку бидат утврдени елементи на кривично дло. Истрага е друга фаза од  постапката. Се уште не е донесена наредба за спроведување на истражна постапка – велат од ОЈО во изјава за „Слободен печат“.

Оттаму објаснуваат дека додека не се донесе наредба за истрага не се познати повеќе детали, како тоа колку луѓе би биле опфатени, за какви активности станува збор и за кои кривични дела.

Во политичките кругови и медиумите веќе подолго време  се шпекулира дека сопственик на медиум кој се именува под псевдонимот Коки рекетира, а во тоа му помага висок функционер на СДСМ кој се именуа како Кики.

На денешната седница за пратеники прашања во одговор на прашање поставено од пратеникот Антонијо Милошоски, премиерот Заев рече дека е запознат со овој случај и дека за него се води истрага. Заев објасни и за случај од минатата година во кој лицата кои на јавноста и се познати како Кики и Коки од градоначалничка од СДСМ барале дозвола за урбанизација на парцела за изградба на старечки дом, но дека барањето им било одбиено, зошто такво нешто не дозволува урбанистичкиот план. Заев намерно или не, откри дека станува збор за општина Битола која ја води Наташа Петровска од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот