Заев откри која градоначалничка ја рекетирале Коки и Кики

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Премиерот Зоран Заев во одговор што го даде на прашањето на пратеникот Антонијо Милошоски откри која градоначалничка од СДСМ била жртва на обид за рекет од сопственик на медиум.

– Немам намера да лустрирам претходни луѓе, но се знае за која градоначалничка се работи. Тоа е случај од пред една година, се барало локација за старечки дом и урбанизација, но надлежноста е на Советот, а општина Битола нема да прави измена на урбанистичкиот план – рече Заев.

На ова имаше реакција дека ја откри градоначалничката, на што тој рече дека е транспарентен и дека барњето на сопственикот на медиум било одбиено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот