Заев: Се води истрага за случајот со Кики и Коки

Фото: МИА

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на денешната седница за пратенички прашања, го праша премиерот Зоран Заев дали до него допрел глас дека постои сопственик на телевизија под псевдоним Коки кој се занимава со корупција, рекет и перење пари, како што подолго време се шпекулира во јавноста.

Заев одговори дека прашал и проверил преку институциите и за овој случај се води истрага.

– Горко е чувството ако постои такво нешто и подготвен сум да помогнам ако има потреба – одговори Заев.

Милошоски постави дополнително прашање, дали Заев знае кој стои зад псевдонимот Кики кој бил висок функционер во СДСМ и соработник на Коки.

– Кики и Коки биле кај една градоначалничка да бараат пари. Дали знаете која е таа градоначалничка? СДСМ има пет градоначалнички. Дали знаете кои се луѓето со псевдонимот Коки и Кики и дали ги познавате – праша Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот