Охрид повторно ќе биде центар на балканскиот триатлон, натпреварувачи од 12 држави на Балканското првенство
Рекорден број натпреварувачи од 12 држави ќе учествуваат на Балканското триатлон првенство 2026
Охрид повторно ќе стане центар на балканската триатлонска сцена. На 13 и 14 јуни 2026 година, плажата „Бафало“ ќе биде домаќин на Балканското првенство во триатлон, еден од најзначајните спортски настани во регионот, кој ќе донесе рекорден број натпреварувачи, силна меѓународна конкуренција и учесници од 12 држави. Ова ни го соопштија од нашата триатлон федерација.
Препорачано
Организацијата на овој врвен спортски настан е резултат на заедничка посветеност и поддршка од институциите, спортските организации и локалната заедница. Посебна благодарност упатуваме до Министерството за спорт и Општина Охрид чија поддршка претставува силна мотивација за спортистите, организаторите и сите љубители на спортот, велат од федерацијата.

Балканското првенство ќе биде организирано под покровителство на Балканската триатлонска асоцијација (BTA) и ќе вклучува натпревари во елитни категории, младински категории, возрасни групи, детски трки и тимски штафети.
Се очекува масовен старт во елитна категоријата, динамични и неизвесни детски трки, очекуваме голема публика и атмосфера што повторно ќе го претвори Охрид во спортски центар на регионот, вели организаторот.

Во 2019 година, Охрид беше домаќин на незаборавно издание исполнето со силна енергија, исполнети улици, врвна конкуренција и атмосфера што се чувствуваше во секој дел од градот. Оваа година, повторно пишуваме историја.
Покрај елитните натпреварувачи, организаторите ги повикуваат и рекреативците да станат дел од овој уникатен спортски спектакл.
Категории за натпреварување:
• Elite / Сениори – преку World Triathlon Entry System
• Тимска штафета – преку национални федерации
• Кадети, Деца 1, Деца 2 и Age group категории – отворени за сите учесници.

Краен рок за пријавување 5 јуни.
Пријавување за отворените категории е достапно преку официјалната платформа за регистрација https://triatlon-federacija.trki.mk/mk/events/bta-balkansko-triatlon-prvenstvo
Повеќе информации околу дистанците, мапите и сите правила и протоколи на страната на Триатлон Федерација на Македонија https://www.facebook.com/TriathlonMKD


