Ограбена продавницата на Том Брејди: Украдени Покемон и бејзбол картички во вредност од 10.000 долари
Новата продавница „CardVault“ во сопственост на Том Брејди во Њујорк беше цел на грабеж само неколку недели по отворањето, пишува „Њујорк пост“.
Препорачано
Според соопштението на Полициската управа на Њујорк од 12 ноември, еден маж украл колекционерски бејзбол топки и Покемон карти во вкупна вредност од 9.710 долари од објектот.
Инцидентот се случил кога неидентификуван маж се обидел да купи стока со кредитна картичка.
Откако трансакцијата била одбиена, човекот рачно внел инструкции во терминалот за бесконтактно плаќање, заобиколувајќи го одбивањето без знаење на вработениот. Потоа излегол од продавницата и се упатил кон југ по улицата Лафајет. Никој не бил повреден во грабежот.
Според американските медиуми, полицијата го бара за тешка кражба, а последен пат бил виден како носи црна бејзбол капа, црн дуксер со качулка, црни шорцеви, бели чорапи, бели патики и шарена чанта. Случајот го истражува Одделот за финансиски криминал на Полициската управа на Њујорк.
„CardVault“ моментално има девет продавници, а локацијата во СоХо се отвори на 8 октомври. Продавницата овозможува купување, продажба, размена и евалуација на спортски картички и други колекционерски предмети.


