Официјално: Јотиќ си заминува од редовите на Вардар 1961
Хрватскиот плејмејкер ќе го напушти РК Вардар 1961 после само една одиграна година, а од следната сезона ќе игра во Бундеслигата.
Денеска Лајпциг на својата официјална веб-страна го официјализираше доаѓањето на 26-годишниот Ловро Јотиќ.
Тој беше голема желба на сегашниот тренер на „црвено – црните“, Стевче Алушовски, но по само една сезона и двајцата си заминуваат од таборот на најтрофејниот ракометен тим во државава.
Покрај Јотиќ и Алушовски, од претходно е познато дека клубот ќе го напуштат Марко Кизиќ, Робин Кантегрел и Иван Чупиќ.
Како нови засилувања ќе бидат Мартин Томовски, Јан Чувара, Анте Кудуз, Едуардо Гурбиндо и Дарко Ѓукиќ. Се најавува дека египетскиот голман Мохамед Ел-Тајар ќе биде на позајмица од Ал Ахли.