Официјално: Владица Брдаровски се врати во Вардар

Фото: ФК Вардар

Владица Брдаровски откако одреден период беше дел од подготовките на ФК Вардар, денес и официјално е дел од црвено-црните.

За Брдаровиски ова е враќање во Вардар каде што настапуваше од 2015. до 2020. година. Во својот прв мандат во Вардар Брдаровски собра 152 настапи и освои четири титули.

Тој беше дел и од генерацијата која оствари историски пласман во групната фаза во Лигата на Европа. Очекувањата се Брдаровски да биде големо засилување за Вардар во сезоната во која по две години се враќа во Првата лига.

Вардарци од вчера се на подготовки на Златибор каде и што ќе одиграат четири  подготовителни натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот