Официјално: Стив Брус не е повеќе менаџер на Њукасл

Стив Брус сезонава не забележа ниту една победа со Њукасл во Премиер лигата/Фото: EPA-EFE/Nick Potts

Кога пристигнаа новите сопственици, беше јасно дека Стив Брус чека да добие отказ, се поставуваше само прашање кога тоа ќе се случи. Брус го водеше натпреварот клубот против Тотенхем минатиот викенд, кој го загуби со 3:2, и тоа беше неговиот последен меч на клупата на „црно-белите“.

Њукасл денеска официјално објави дека соработката е прекината и дека е во потрага по нов менаџер. Додека тоа се случи, Грем Џонс привремено ќе ги води фудбалерите почнувајќи со саботниот дуел против Кристал Палас на гостински терен (16.00 часот).

Екипата од „Ст. Џејмс Парк“ моментно се наоѓа на 18 место на табелата во Премиер лигата и досега нема забележано победа сезонава.

Како прв кандидат за наследник на Брус се шпекулира Пауло Фонсека, Португалецот кој во текот на летниот период се поврзуваше со Тотенхем, но неговиот сонародник Еспирито Санто ја доби работата.

Фонсека со Шахтјор Доњецк од 2016 до 2019 година трипати освојуваше двојна круна во Украина, а со Рома стигна до полуфиналето во Лига Европа минаата сезона. Седмото место во Серија А беше причина да биде отпуштен, по што во Рим дојде Жозе Мурињо.

Премиер лигата поради Њукасл забрани спонзорски договори помеѓу компании и клубови кои имаат ист газда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот