Официјално: Сон стана една година помлад

Фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

Фудбалерот на англиски Тотенхем и најдобар јужнокорејски играч, Сон Хеунг Мин од вчера според новиот закон во неговата земја и официјално е една година помлад.

Да, добро прочитавте, Сон сега е една година помлад. Не станува збор за некоја грешка, туку за промена на законите за пресметување на староста во Јужна Кореја.

Според досегашните закони во Јужна Кореја на детето му се сметаше и времето поминато во мајчината утроба, па така по раѓањето веднаш имаше една година. Но, тука не беше крајот на бизарното сметање, најголемата „неправда“ се случуваше кај децата родени на 31-ви декември.

Имено, без разлика колку време поминало на детето веднаш на неговиот прв јануари му впишуваше една година плус, па така детето кое е родено на 31-ви декември, на 1-ви јануари веќе има две години.

Сега оваа држава одлучи да се приклучи на сметањето како и во остатокот од светот, па така фудбалерот на Тотенхем на 8-ми јули ќе наполни 32 години, место 33.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот