Официјално: Солскјер ја напушти клупата на Манчестер јунајтед

Готово, Оле Гунар Солскјер доби отказ поради лошите резултати со клубот од „Олд Трафорд“ / фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Убедливиот пораз од Ватфорд (4:1) во Премиер лигата беше последниот натпревар за Оле Гунар Солскјер како менаџер на Манчестер јунајтед.

Воедно тоа беше и причина денеска клубот и официјално да ја прекине соработката со Норвежанецот поради лошите резултати оваа сезона.

– Оле секогаш ќе биде легенда на Манчестер јунајтед и со жалење дојдовме до оваа тешка одлука. Неговото место во историјата на клубот секогаш ќе биде сигурно, не само поради неговата приказна како играч, туку и како голем човек и менаџер кој ни даде многу одлични моменти. Тој засекогаш ќе биде добредојден назад на „Олд Трафорд“ како дел од семејството на Манчестер јунајтед – објавија од клубот.

Мајкл Карик сега ќе ја преземе екипата за претстојните натпревари, додека клубот е во потрага да назначи привремен менаџер до крајот на сезоната.

Започнаа шпекулациите дека францускиот великан Зинедин Зидан би можел да седне на клупата на „црвените ѓаволи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот