Официјално: Сем Алардајс повеќе не е менаџер на Лидс

фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Сем Алардајс го напушти Лидс откако не успеа со клубот сезонава да обезбеди опстанок во Премиер лигата.

На 3 мај „Биг Сем“ го наследи Хави Грасија, ја водеше екипата во последните четири натпревари оваа сезона со цел да се остане во елитата, но освои само еден бод и после три години во Премиер лигата, се враќа во Чемпионшип.

– Ми беше чест да го тренирам Лидс, голем клуб со неверојатна база на навивачи. Во оваа фаза од мојата кариера, не сум сигурен дека овој предизвик, кој е потенцијално долгорочен проект, е нешто на што можам да се посветам. Му посакувам на клубот успех во иднина и се надевам дека ќе се врати во Премиер лигата каде што припаѓа – изјави Алардајс, а пренесе „Скај“.

Лидс соопшти дека ќе назначи нов менаџер во „следните неколку недели“.

Лидс првично го отпушти тренерот Џеси Марш во февруари, кога тимот беше на 17 позиција. Грасија го презеде тимот и го водеше во 11 лигашки натпревари, од кои победи на три, па соработката со него заврши и беше ангажиран Алардајс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот