Официјално: Ненад Димитријевиќ е нов кошаркар на Баерн Минхен
Како што и се најавуваше во текот на денот, тоа го потврди германскиот кошаркарски клуб и актуелен шампион на таа земја, Баерн Минхен.
Препорачано
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ официјално е нов играч на Баерн со кој потпиша договор до крајот на сезоната, со опција соработката да биде продолжена за уште една година.
Нашиот 27-годишен плејмејкер се пресели од Олимпија Милано во Зенит Санкт Петербург во летото, но сега се враќа во највисокото европско клупско натпреварување, Евролигата.
Димитријевиќ беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на Источно Европската ВТБ лига во 2024 година.
– Со Нено, го зајакнуваме нашиот состав на позиција каде што претрпевме неколку повреди и откако Спенсер не можеше да се врати. Како најкорисен играч во ВТБ лигата, со неговите години развој во силната шпанска АЦБ и сезона во Милано, тој носи многу искуство во нашата ротација на бекови, заедно со неговата динамичност и моќ. Со нетрпение ја очекуваме неговата енергија, одбрана и неговата офанзивна способност да создаде решенија за себе и за другите – објасни спортскиот директор на Баерн Минхен, Драган Тарлач.
Баерн Минхен од неодамна го води славниот тренер Светислав Пешиќ:
– Минхен е одличен и многу почитуван клуб, и кога тренерот Пешиќ ве повикува, тоа е чест. Навистина сакав да се вратам во Евролигата и сакам да помогнам да се добијат што е можно повеќе натпревари веднаш. Тимот сака да ја освои лигата, купот и да се бори за место во плејофот во Евролигата до последниот натпревар. Ќе ја вложам целата моја енергија и борбен дух за да имаме шанса да победиме во секој натпревар – се зборовите на Димитријевиќ за клупскиот сајт.
👋 𝐖𝐄𝐋𝐂𝐎𝐌𝐄, 𝐍𝐄𝐍𝐎
Wir verpflichten den EuroLeague-erfahrenen Combo Guard Neno Dimitrijevic: https://t.co/QC1actP2US
We have signed EuroLeague-experienced combo guard Neno Dimitrijevic: https://t.co/UlMyUHzMEN#FCBB | Kaderupdate by @freelanceDE pic.twitter.com/UmEXBwtbNY
— FC Bayern Basketball (@FCBBasketball) January 5, 2026


