Официјално: Месиас Жуниор во Милан до 2024 година

Месиас Жуниор во Милан доаѓа од екипата на Кротоне/Фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Милан објави дека Жуниор Месиас стана полноправен член на „росонерите“ чиј дрес досега го носеше како позајмица од Кротоне.

Минатата натпреварувачка сезона 31-годишниот бразилски играч за врска во нападот запиша 32 настапи и шест голови придонесувајќи клубот од „Сан Сиро“ да ја освои титулата во Серија А.

Месиас официјално потпиша договор со Милан кој ќе трае до 30 јуни 2024 година.

Пред да се пресели во Кротоне, настапуваше во пониските италијански лиги за Гоцано, Киери и Казале.

Пред два дена италијанскиот гигант објави дека негов нов член е Дивок Ориги кој доаѓа од редовите на Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот