ФОТО: Дивок Ориги е новиот напаѓач на Милан

Дивок Ориги до 2026 година во дресот на Милан/ фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Италијанскиот шампион со нов напаѓач ќе влезе во новата сезона, станува збор за Белгиецот Дивок Ориги.

„Златниот џокер“ на Ливерпул од каде доаѓа како слободен играч, потпиша договор со Милан кој ќе трае до 2026 година.

Се очекува Ориги да биде само прво од низата засилувања во летниот период на трансфер пазарот. Следни кои се шпекулираат дека ќе се преселат на „Сан Сиро“ се Де Кетелер, Зијеш, Дибала, а кој и дали некој од нив ќе биде следен, останува да видиме.

Ориги со Ливерпул запиша 107 настапи и 44 голови од 2014 до 2022 година, во меѓувреме беше испратен на позајмица во Лил и Волфсбург.

Со „црвените“ од Енфилд по еднаш ги освои Премиер лигата, ФА Купот, Лига купот, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство, а беше финалист во Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот