Официјално: Мбапе останува во ПСЖ до 2025 година

Килијан Мбапе и натаму во дресот на париските „светци“/Париз, Франција/21 мај 2022/Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Иако доста се шпекулираше, најавуваше за потенцијален трансфер на Килијан Мбапе (23) во редовите на Реал Мадрид, талентираниот Французин реши да остане во ПСЖ, што и официјално беше потврдено пред почетокот на вечерашниот натпревар од „Лига 1“ против Мец.

Еден од најдобрите светски напаѓачи одлучи да остане во клубот од Париз до 30 јуни 2025 година.

– Навистина сум среќен што ќе ја продолжам мојата авантура во ПСЖ. Да се остане во Париз, во мојот град. Се надевам дека ќе продолжам да го правам она што го сакам со сите вас и заедно ќе освојуваме титули! Ви благодарам многу. Ова е мојот дом, мојот град, како што секогаш велев. Продолжувам со ПСЖ, заедно да освојуваме титули – вели Мбапе.

На навивачите им се обрати и првиот човек на францускиот шампион, Насер Ал Келаифи:

– Горд сум што ви ја пренесувам оваа убава вест: Килијан Мбапе потпиша договор до јуни 2025 година со Пари Сен Жермен – рече Ал Келаифи.

Тебас: Ал Келаифи е опасен како и Суперлигата, ова што го прави е навреда за фудбалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот