Игор Котевски се враќа во Автокоманда/Фото: facebook.com/rkmetalurgofficial

Официјално: Котевски е нов тренер на РК Металург

Ракометниот клуб на Металург објави дека Игор Котевски е нов тренер на екипата, доаѓајќи како наследник на Иван Марковски кој досега беше на клупата.

Причината за заминувањето на Марковски е позната, финансиската криза која го тресе „сино-белиот“ тим.

За Котевски ова значи негово враќање во Автокоманда, откако претходно го водеше и составот на Металург 2.

Котевски, поранешниот македонски репрезентативец во тренерската кариера ги водеше уште Бутел Скопје, Голден Арт, како и младинците на Пролет.

Моментно во шампионатот клубот од Автокоманда е осмопласиран со 21 освоен бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот