Официјално: Кепа една година на позајмица во Реал Мадрид

фото: EPA-EFE/Peter Powell

Како што и се најавуваше, тоа денеска го потврди клубот, Кепа Аризабалага (28) е новиот голман на Реал Мадрид.

Искусниот чувар на мрежата до 30 јуни 2024 година ќе игра како позајмица во „кралскиот“ дрес од редовите на Челси.

Во 2018 година од Атлетик Билбао во трансфер вреден 80 милиони евра го засили Челси, што го направи и најскап голман на светот.

За пет сезони на „Стемфорд Бриџ“ ги освои Лигата на шампионите и Лига Европа, Суперкупот и Светското клупско првенство.

Во Мадрид Кепа доаѓа како замена за повредениот Тибо Куртоа кого го очекува повеќемесечна пауза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот