Официјално: Кампацо се врати во Реал Мадрид

Фото: Real Madrid Basket/Тwitter

Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Факундо Кампацо од денес и официјално е нов кошаркар на Реал Мадрид.

За Аргентинецот ова е враќање во Мадрид по три години. Договорот кој го потпиша со „кралевите“ е со важност до 2027 година. Дресот на Реал Мадрид го носеше цели шест години од 2014. до 2020. година.

Во тој период успеа да освои 11 трофеи, а најважните се секако двата во Евролигата од 2015. и 2018. година. Откако го напушти Реал Мадрид играше во НБА за Денвер и Далас од каде што дојде во Звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот