Официјално: Камавинга шест години во Реал Мадрид

Камавинга има 18 години и веќе ги запиша првите настапи за најдобрата француска репрезентација/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN HARTMANN

Како што и се најавуваше, тоа денеска се потврди, Едуарду Камавинга е нов фудбалер на Реал Мадрид.

Играчот од средниот ред досега ги бранеше боите на Рен, за „кралскиот“ клуб потпиша договор на шест години, поточно до 30 јуни 2027 година.

18-годишниот фудбалер веќе има три настапи и еден гол за најдобрата француска репрезентација. Од 11-годишна возраст беше дел од Рен, првиот професионален договор го имаше на 16-годишна возраст.

Дебитираше во француската „Лига 1“ во 2019 година во ремито против Анжер (3:3) станувајќи најмладиот играч во историјата кој играл за Рен на 16 години и четири месеци.

Првиот гол за клубот го имаше на 15 декември 2019 година против Лион (1:0) во 89 минута, а минатата сезона настапи во Лигата на шампионите против Краснодар, Челси и Севиља.

Видео на денот