Официјално: Хандановиќ го напушта Интер по една деценија

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Тимот на Интер и официјално го потврди заминувањето на голманот Самир Хандановиќ кој го напушта клубот по една деценија.

Хандановиќ во редовите на Интер дојде во 2012 година и до последната сезона беше стандарден на голот, односно до доаѓањето на Андре Онана кој исто така најверојатно летово ќе си замине.

Словенецот си заминува од Интер како еден од десетмината фудбалери со најмногу настапи во сино-црниот дрес. Дресот на Интер, Хандановиќ го носеше на 455 натпревари. Во својот престој на „Џузепе Меаца“ освои и пет трофеи, а собра вкупно 40.894 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот