Официјално: Горан Симов нов тренер на Македонија Ѓорче Петров

Фото: ФК Македонија Ѓорче Петров

Горан Симов е наследникот на Мухарем Бајрами на клупата на Македонија Ѓорче Петров, потврдија денес од македонскиот прволигаш.

Симов утрово беше промовиран, веднаш по натпреварот во кој „лавовите“ за викендот останаа непоразени против лидерот Струга Трим Лум.

Македонија Ѓорче Петров во овој момент се наоѓа на седмата позиција со 26 бода и не е во опасност од испаѓање, но амбициите на клубот пред почетокот беа најмалку борба за излез во Европа. Токму лошите резултат беа причината за заминувањето на Бајрами.

„Освојувачот на првиот куп од 2006 година како голман, сега доаѓа како шеф на стручниот штаб“, објавија „лавовите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот