Официјално: Французинот Сери е нов играч на Е. Пелистер

Руди Сери ќе биде новиот лев бек на Е. Пелистер/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Французинот Руди Сери (27) потпиша двегодишен договор со екипата на Е. Пелистер, игра на позицијата лев бек.

Доаѓа од редовите на францускиот клу Сесон Рен. Во својата кариера има настапувано и за францускиот состав на Селештат Алкасе и шпанскиот клуб Бидасоа Ирун.

Официјалното претставување на Сери во Битола предвидено е пред почетокот на натпреварувачката сезона 2022/23.

Потсетување дека од следната зона нов голман на битолската екипа ќе биде Словенецот Урбан Лесјак, а доаѓа и тунискиот десен бек Усама Хосни.

Како што веќе е најавено, Мартон Секељи, Немања Обрадовиќ, Јосип Периќ и Матео Мараш на крајот од сезоната се селат во унгарската Татабања, а Реиниер Табоада ќе биде нов член на данската Фредерициа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот