Официјално: Фабињо го продолжи договорот со Ливерпул

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Бразилскиот играч за врска Фабињо го продолжи договорот со Ливерпул, потврдено е на официјалната веб -страница на клубот од Енфилд.

„Црвените“ не открија колку долго нивниот фудбалер ќе остане во клубот, но новинарот Фабрицио Романо наведува дека договорот е продолжен до летото 2026 година.

– Мило ми е што потпишав нов договор. Од почетокот на преговорите бев позитивно расположен, бидејќи навистина сакав да останам во Ливерпул. Среќен сум. Во изминатите три сезони, доживеав многу позитивни емоции. Научив многу од тренерите и играчите – рече Фабињо.

Бразилецот се пресели од Ливерпул на „Енфилд“ во 2018 година, а во минатата сезона 2020/21 имаше 41 настап.

Пред да се пресели во Англија беше дел уште од Флуминенсе, Рио Аве, Реал Мадрид и Монако.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот