Официјално: Де Геа заминува од Манчестер Јунајтед

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

По цели 12 години, Давид Де Геа си заминува од Манчестер Јунајтед, договорот на шпанскиот голман истече ова лето, а сега е потврдено и дека нема да го продолжи.

Долго време се преговараше, Де Геа во еден момент беше и блиску до потпишување на нова соработка, но на крајот се предомисли и се повлече. Денес шпанскиот голман објави дека дефинитивно заминува од Манчестер Јунајтед како слободен играч.

Во редовите на Манчестер Јунајтед, Де Геа пристигна во 2011 година од Атлетико Мадрид и до денес собра 545 настапи и на 190 од нив успеа да не прими гол. Според сите бројки клубот го напушта со статус на вистинска легенда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот