Официјално: Дамфрис и Џеко се новите играчи на Интер
Босанскиот интернационалец Един Џеко (35) официјално потпиша договор на две години со миланските „нераѕури“.
Препорачано
Информациите велат дека овој договор со Интер вреди 5,5 милиони евра плус одредени бонуси. Џеко веќе одигра еден пријателски натпревар за новиот клуб, против Динамо Киев, а за 45 минути го постигна и првиот гол за италијанскиот шампион.
Претходно ги бранеше боите на Рома каде што од 2016 година запиша 168 настапи и 77 голови. Се очекува да биде наследникот на Ромелу Лукаку кој одлучи да се врати во Челси за 115 милиони евра.
Веднаш после Џеко, Интер објави уште едно засилување, холандскиот десен бек Дензел Дамфрис кој доаѓа од редовите на ПСВ Ајндховен (89 настапи и 13 голови од 2018 година).
25-годишниот дефанзивец потпиша договор со Интер кој ќе трае до 30 јуни 2025 година.
Стандарден холандски репрезентативец кој на Европското првенство го имаше првиот гол за „лалињата“, постигнувајќи го победничкиот погодок против Украина.(3:2).
? | ANNOUNCEMENT
Denzel Dumfries joins #Inter!⚫️?
? https://t.co/ydudKXQEYI#WelcomeDenzel #IMInter pic.twitter.com/mtLZOlZWhZ
— Inter ??? (@Inter_en) August 14, 2021
⚽ | #WelcomeEdin@EdDzeko's journey ?https://t.co/0SkZtK7Spg
— Inter ??? (@Inter_en) August 14, 2021


