Чаби Алонсо/EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Официјално: Чаби Алонсо е нов тренер на Челси

Челси и официјално го промовираше Чаби Алонсо за нов менаџер на тимот. Шпанскиот стратег потпиша четиригодишен договор, а функцијата ќе ја преземе од јули.

За Алонсо ова ќе биде нов предизвик по разделбата со Реал Мадрид, каде што не успеа да ги исполни очекувањата. Сепак, поранешниот шпански репрезентативец не го криеше воодушевувањето што добива можност да седне на клупата на лондонскиот гигант.

„Челси е еден од најголемите клубови во светот и огромна чест е да се биде менаџер на ваков клуб. Од првите разговори со сопствениците и спортскиот сектор почувствував дека имаме иста визија и амбиции. Целта е да изградиме тим кој постојано ќе биде конкурентен на највисоко ниво и ќе се бори за трофеи“, изјави Алонсо.

Тој додаде и дека во тимот гледа голем потенцијал и квалитет, нагласувајќи дека приоритет ќе биде создавање победнички менталитет и стабилен систем кој ќе носи успеси во иднина.

Пред ангажманот во Реал Мадрид, Алонсо остави силен впечаток на клупата на Баер Леверкузен, со кој успеа да ја освои титулата во Бундеслигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот