Официјално: Батшуаји е нов соиграч на Алиоски во Фенербахче

Миши Батшуаји со Челси има една титула во Премиер лигата/Фото: EPA/WU HONG

Белгискиот фудбалер Миши Батшуаји официјално е нов фудбалер на турскиот гигант Фенербахче во чии редови летово дојде и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

– Нашиот клуб постигна договор за трансферот на Батшуаји – се вели на Твитер профилот на клубот од Истанбул, без детали за договорот.

Поранешниот напаѓач на Челси минатата сезона беше позајмен на Бешикташ. Во својата досегашна кариера 28-годишниот играч играше за Стандард Лиеж и Марсеј, пред да се пресели во Челси во 2016 година.

За време на договорот со лондонскиот клуб, пет пати беше позајмен во Борусија Дортмунд, Валенсија, двапати во Кристал палас и Бешикташ, каде минатата сезона постигна 14 гола.

Во последните денови од летниот преоден рок се шпекулираше дека Батшуаји ќе го засили Нотингем форест, но тој трансфер не беше завршен навреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот