Официјално: Асенсио заминува од Реал Мадрид

Maрко Асенсио денес и официјално потврди дека го напушта Реал Мадрид на крајот на сезоната.
По седум години, Асенсио одлучи да го напушти Мадрид и тоа како слободен играч со истекувањето на неговиот договор на 30-ти јуни.
И понатаму не е познато каде Шпанецот ќе ја продолжи кариерата , но се шпекулира дека тоа ќе биде Пари Сен Жермен. Реал Мадрид на својот официјален сајт исто така ја потврди разделбата и му се заблагодари на Асенсио за се што направи за клубот.
Во редовите на Атлетико, Асенсио пристигна на само 20 години и испиша златна историја освојуваќи 17 трофеи од нив три беа во Лигата на шампионите и три во Ла Лига.
Queridos madridistas 🤍 @realmadrid pic.twitter.com/XvNldSUr3k
— Marco Asensio (@marcoasensio10) June 3, 2023