Фото: Arsenal FC

Официјално: Арсенал се засили со европски шампион

Kaко и што се најавуваше, шпанскиот репрезентативец Микел Мерино е нов фудбалер на Арсенал.

Мерино во редовите на Арсенал пристигнува од шпански Реал Сосиедад каде што во минатата сезона беше еден од најважните фудбалери, а летово го освои Европското првенство со Шпанија.

Со Арсенал тој потпише договор на четири години, додека Сосиедад за неговите услуги ќе добие оштета од 32 милиони евра.

Микел Артета беше еден од главните виновници за овој трансфер, па во изјава за клупскиот сајт го изрази своето задовлство.

„Микел беше наша голема желба за ова лето, веруваме дека е играч кој може одлично да се вклопи и да ни донесе дополнителен квалитет. Веќе неколку сезони игра на високо ниво, како на клупско така и на репрезентативно и со него сигурно ќе сме посилни“, изјави Артета.

Арсенал потврди и дека Мерино ќе настапува со дресот со број 23.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот