Официјално: Александар Васоски е нов тренер на ФК Силекс

фото: Кочо Сотировски/ФК Вардар

Во изминатиот период фудбалскиот прволигаш Силекс се раздели со досегашниот тренер Горазд Михајлов.

Денеска клубот од Кратово ја информираше јавноста дека нов тренер на екипата е Александар Васоски.

Васоски по разделбата со ФК Вардар, се одлучи за нов предизвик во неговата тренерска кариера.

По завршувањето на есенскиот дел од шампионатот, по 18 кола Силекс е на четвртото место со 27 бодови.

Васоски беше тренер и на Академија Пандев (сегашна Брера) и Сараево од Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот