Одобрено преземање: Се создава седмиот најголем трговски синџир во Хрватска
Aгенцијата за заштита на конкуренцијата на Хрватска дозволи преземање на компанијата Мелници од Чаковец, со коментар дека не се работи за недозволена концентрација на пазарот. Барање за оценка на преземањето во Мелници од Чаковец, поднесоа компаниите „Млин“ од Сисак и „Плодине“, како и пензиските фондови АЗ и ПБЗ-КЦО.
Препорачано
Тие заедно имаат близу 65 отсто од уделот во сопственоста на компанијата. Мелниците и пекарниците од Чаковец поседуваат повеќе од 250 продавници во Централна и Северозападна Хрватска. По преземањето тие „скокнаа на седмото месо во редот на трговските синџири во Хрватска“ и нивниот пазарен удел ќе биде пет отсто, објави Даница.хр.
На хрватскиот пазар годишно се произведуваат околу 240.000 тони пекарски производи, а се увезуваат 94.000 тони. Вкупно 790 милиони евра промет е остварен од продажба на пекарски производи. Лидер е „Млинар“ со пазарен удел од 10 до 20 проценти, а втор е „Пан-Пек“, со учество од околу пет до десет проценти. Трета ќе биде „Плоденице груп“ со удел од 5 до 10 отсто на пазарот.


