Одлуки на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ќе го предводи Републичкиот изборен штаб за изборите

фото: screenshot livestream ВМРО-ДПМНЕ, Николоски за одлуките на извршниот комитет

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на Републички изборен штаб за следните избори којшто ќе го предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а негов заменик ќе биде генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски, информира потпретседател на партијата Александар Николоски.

Николовски, во изјава за медиуми пред седиштето на партијата, рече дека воедно е отпочната и подготовката за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, чиј избор традиционално ќе биде направен на Изборна конвенција која што ќе се случи на 2 март 2024 година во Скопје.

„И за избор на претседател и за парламентарните избори очекуваме голема историска победа после која ќе се случат промените во Македонија и ќе се стави крај на оваа корупција, како и тонење на економијата. Победата ќе биде силна и убедлива затоа што Македонија заслужува промени и состојбата никогаш не била потешка и подраматична за нашата држава“, изјави Николоски.

Седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по лидерската средба на која што беа утврдени датумите за споени претседателски и парламентарни избори – 24 април и 8 мај. Николоски, на почетокот, посочи дека седницата започнала со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од монструозното убиство кое се случи во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот