Одличниот Јунајтед славеше во дербито на Манчестер! (ВИДЕО)

фото:твитер

Манчестер јунајтед има генерално слаби резултати оваа сезона, но повторно покажа дека умее да игра против најсилните екипи од лигата.

Славеа „црвените ѓаволи“ во минатото коло против Тотенхем, а сега во 16. коло беа подобри во градското дерби од Сити и тоа на „Етихад“, со резултат 1:2 (0:2).

Поведе Јунајтед од пенал кој го реализираше Решфорд кој претходно беше фаулиран во казнетиот простор од Бернардо.

Прво главниот судија не се огласи, но од ВАР собата доби информација дека постои прекршок и покажа на белата точка.

Во 29. минута гостите ја зголемија предноста, Марсијал после двојното додавање со Џејмс, пронајде простор доволно за да шутне во поблискиот агол и успеа да го „матира“ Едерсон.

„Граѓаните“ до крајот на средбата успеаја само да го ублажат својот четврти пораз сезоната преку Николас Отаменди после ден изведен корнер.

После оваа победа на Јунајтед, екипата на Ливерпул која претходно славеше против Борнмут уште повеќе си ги зголеми шансите за освојување на шампионската титула сезонава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот