Солена торта со тост леб, одлична за слави и празнични трпези

Фото: Фејсбук/Najbolji recepti za kolače i torte

Една од најдобрите солени торти која брзо се прави, не треба да се пече, а притоа има ретко добар вкус.
Солената тост торта може да биде одличен избор и на вашата празнична трпеза.

Состојки:

– 24 парчиња тост леб
– 300 г мајонез
– 100 г кечап или ајвар
– 2 чаши кисела павлака
– 100 г шунка
– 150 г кашкавал
– 3 јајца
– 3 кисели краставички
– 50 г маринирани шампињони

Фото: Фејсбук/Najbolji recepti za kolače i torte

Подготовка:

На тост лебот исечете му ги краевите па наредете 6 парчиња на садот на кој ќе ја послужите тортата. Премачкајте ги со кисела павлака, изрендајте малку кашкавал па одозгора наредете ги парчињата шунка. Преку тоа намачкајте уште еден потенок слој кисела павлака, па наредете го следниот ред со тост лебот.
Него премачкајте го со мешавина од кечап и 100 г мајонез, преку тоа изрендајте кисели краставички и шампињони, па наредете го следниот ред со тост лебот.

Преку тој ред намачкајте мајонез, па одозгора изрендајте кашкавал и 2 варени јајца, па наредете го и третиот ред со тост лебот. Одозгора премачкајте со мешавина од остатокот од мајонезот и украсете со кругови од шунка и кулен или по своја желба.

Оставете неколку часа во фрижидер за добро да се излади солената торта. Кога ќе ја послужувате, сечете штангли (коцки) со саканата големина и уживајте во прекрасниот вкус.

Напомена: За ова вкусно и декоративно јадења вие по ваша желба наместо кечап можете да користите ајвар, а наместо шунка можете да користите друг сувомесен производ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот