Одегард потпиша нов договор и стана најплатениот играч на Арсенал

Фото: Arsenal FC

Мартин Одегард сосема заслужено доби продолжување на договорот со Арсенал и така стана најплатен фудбалер во составот на Микел Артета.

Одегард ја носи капитенската лента и важи за еден од најважните фудбалери на Арсенал. Продолжувањето на договорот можеше и да се очекува затоа што во споредба со придонесот и примањата на соиграчите, Одегард тоа го заслужуваше.

Актуелниот договор му истекуваше за две години, а новиот ќе има важност до 2028 година. Со неделната плата од 112.000 фунти Одегард досега не беше ниту во топ 10 најплатени играчи на Арсенал, а сега ќе биде и над досега најплатениот Каи Хаверц кој добива 280.000 фунти неделно, детално финансиските детали не се откриваат.

„Потпишувањето на нов договор беше навистина лесна одлука за мене од многу причини. Главно тоа што го правиме како клуб сега за мене е посебно и сакам да бидам дел од тоа. Навистина сум возбуден од она што доаѓа. Најдов место каде што се прилагодив и можам да го кажам мој дом“, изјави Одегард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот