Протест во Белград / Фото: принтскрин Filip Krainčanić / Nova.rs

„Одбраната“ во напад: српските адвокати во тридневен штрајк против новите закони што ги предложи пратеникот на Вучиќ

Српскиот адвокат Јован Рајиќ оценува дека симболичните протести и повремените суспензии на работа не носат конкретен ефект и дека е потребна многу поорганизирана и порадикална заедничка акција на адвокатите, судиите и на обвинителите.

Адвокатската комора на Србија соопшти дека од денеска почнува тридневна суспензија на работата на адвокатите поради усвојувањето на измените на правосудните закони што ги предложи пратеникот на Српската напредна странка, Угљеша Мрдиќ, објави „Н1“.

И меѓународната и домашната јавност оценуваат дека овие закони ги загрозуваат независноста и самостојноста на правосудството, а следниот чекор е мислењето на Венецијанската комисија за овие закони.

Претседателот Александар Вучиќ ги потпиша измените на законите на 30 јануари.

Српскиот адвокат Јован Рајиќ оценува дека симболичните протести и повремените суспензии на работа не носат конкретен ефект и дека е потребна многу поорганизирана и порадикална заедничка акција на адвокатите, судиите и на обвинителите.

Според него, незадоволството мора да се покажува континуирано и координирано бидејќи само синхронизираниот притисок може да создаде вистински ефект врз системот. Рајиќ смета дека досегашните акции, како „Маршот за правосудството“, имаат симболична вредност, но не се доволни за суштински промени.

Во однос на конкретните случаи и работата на институциите, Рајиќ тврди дека дел од обвинителствата дејствуваат под влијание на извршната власт и дека Обвинителството за организиран криминал со години покажувало пасивност кон политичката корупција.

ВИДЕО | Брутално полициско насилство во Нови Сад: Ја удира девојката по глава и ја влече за коса

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот