Одат на суд: Николина Пишек поднесе тужба против Миша Гроф за семејно насилство

Фото: Профимедиа/Инстаграм

По ненадејната смрт на српскиот историчар на уметност Видое Ристовиќ, неговата сопруга Николина Пишек и неговиот татко Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, започнаа голем конфликт.

Имено, тие меѓусебно упатија бројни обвинувања, а сега адвокатот на Николина, Силвие Храсте, за хрватските медиуми потврди дека против Виктор Ристовиќ е покрената кривична постапка за семејно насилство.

Фото; Инстаграм

Тој додал и дека во Србија е покрената оставинска постапка поврзан со имотот со кој Миша Гроф нема никаква врска.

– Покрената е и оставинска постапка за Видое Ристовиќ, а со оглед дека таму се наоѓа неговиот имот. Тој имот нема врска со имотот на неговиот татко. Не само што сега сум адвокат на Николина Ристовиќ, туку изминатава година соработував и со покојниот Видое и имам сознанија за неговите деловни активности кои немаат врска со семејниот имот. Имаме информации кај кого и каде е имотот – изјавил тој.

Покрај тоа, поднесени се и тужби до Народниот правобранител за човекови права, Народниот правобранител за еднаквост и Народниот правобранител за правата на децата.

Фото: Инстаграм

И самата Николина пред неколку дена најави дека нејзините адвокати ќе продолжат да се занимаваат со овој случај.

– Моите адвокати наскоро на сите ќе им се обратат, и тоа со докази, за разлика од почесниот Гроф. Затворот би бил рај за мене и полесно би го поднела во споредба со она што го доживувам од мојот свекор последните неколку недели. Не смеам ниту да напишам што би направил Видое кога би ги видел постапките на својот татко, но вистината на крајот ќе излезе на виделина и се ќе се дознае – изјавила претходно водителката.

Николина Пишек конечно ги коментираше шпекулациите за смртта на нејзиниот сопруг: Еве што рече…

Николина Пишек конечно ги коментираше шпекулациите за смртта на нејзиниот сопруг: Еве што рече…

Таткото на починатиот Видое Ристовиќ си ја отвори душата: Можеби е отруен, сè е сомнително

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот