Фото: Принтксрин/јутјуб

Од „Златно славејче“ до Греми: Македонската пејачка Тања Царовска денеска го прославува јубилејниот 45-ти роденден

Македонската пејачка Тања Царовска е родена на 19 март 1980 година во Битола. Средното музичко училиште го завршила во Битола, а популарноста ја стекна со  хитовите „Само мој“ и „Завршен“.

Во екот на својата кариера, Царовска замина да работи во Англија, а денес живее и работи на релација Скопје – Лондон.

Својата музичка кариера ја започнала како многу мала на фестивалот „Златно славејче“. Подоцна, почнала да настапува самостојно, а првиот настап ѝ бил на Скопскиот фестивал на забавни мелодии, како најмладиот автор (15 години) во историјата на овој фестивал.

По преселбата во Лондон, таа почнала да компонира музика за театарски претстави, за филмови и за телевизиски емисии. Царовска настапувала со голем број музичари и продуценти, како: Габриел Јаред, Џејмс Хорнер, Џон Дебни, Џоселин Пук, Дејвид Фостер.

Исто така, таа учествувала на албумот „Импресии“ на американскиот музичар Крис Боти, кој ја доби наградата Греми во 2013 година.

Таа ја пее песната „По друм одам“ од филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски, а соработувала и со Дуке Бојаџиев на неговиот проект „Сон, верба, љубов“.

Царовска пеела со Џош Гробан во песната „Сети се на мене“ (Remember Me), која е дел од филмот Троја. За оваа песна, Царовска била номинирана во категоријата „најдобра оригинална песна напишана за филм“ во 2004 година (World Soundtrack Awards), заедно со Џејмс Хорнер (музика), Синтија Вејл (стихови) и Џош Гробан (изведувач). Исто така, таа била главниот вокал на музиката за филмот „Страдањата на Христос“.

Како самостоен автор, Царовска дебитирала со албумот „No record of Wrong“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот