Од третиот шешир ќе ги добиеме ривалите во УЕФА Лигата на нации

фото: ФФМ

Одредени се шеширите за следниот циклус од УЕФА Лигата на нации 2024/2025, а македонската фудбалска А репрезентација повторно ќе настапи во Ц дивизијата.

Нашите најдобри фудбалери преку ова натпреварување ќе се обидат да обезбедат пласман на Светското првенство 2026 година кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Согласно остварените резултати од сезоната 2022/2023, Македонија е во третиот шешир заедно со Северна Ирска, Словачка и Фарски Острови кои не можат да ни бидат ривали.

Во минатото издание за ЕП 2024, го освоивме само третото место со двете победи над Гибралтар, што беше доволно само за опстанок во дивизијата Ц. Грузија во таа група заврши прва, а Бугарија втора на табелата.

Жрепката за новото издание е закажана за 8 февруари 2024 година, во продолжение погледнете ги сите четири шешири од дивизијата „Ц“:

1 шешир: Романија, Шведска, Ерменија, Русија
2 шешир: Луксембург, Азербејџан, Косов, Бугарија
3 шешир: Фарски Острови, Македонија, Словачка, Северна Ирска
4 шешир: Гибралар/Кипар, Литванија/Белорусија, Естонија, Летонија

Новата сезона во УЕФА Лигата на нации треба да започне во септември 2024 година, а ќе заврши со доигрувањето, плеј-оф мечевите во март 2025 година.

По одлуката на следниот Мундијал да има 48 репрезентации, Европа ќе има 16 места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот