Од среда попладне снег, се очекува викендов студено време

Фото: Архива СП

 Времето денеска е облачно со врнежи од дожд. Од пладне ќе почне да дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од четири до 11 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР), утре ќе преовладува променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег.  Ќе дува умерен до засилен северен ветер, оосбено вдолж Повардарието, кој ќе се задржи и во следните денови.

Поради продор на студена воздушна маса од север в среда попладне и в четврток ќе има локални врнежи, кои речиси насекаде ќе бидат од снег. В петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.

Почнувајќи од среда минималната температура ќе биде под нулата, во интервал од минус два до минус 10 степени. Најстудено ќе биде в недела, со минимална температура од минус 12 до минус четири степени. Максималната температура ќе се движи од минус пет до 11 степени. В недела максималната температура ќе биде од минус седум до два степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот