Од Штип во Тетово: Јамајканецот Роналдо ново име во нападот на Шкендија

Фото: ФК Брегалница

Eкипата на Шкендија сака тим за борба за шампионската титула сезонава, па така сега претстави засилуваање во нападот.

Ново име во тетовскиот клуб е напаѓачот од Јамајка, Роналдо Вебстер. Станува збор за 22-годишен напаѓач кој во Шкендија доаѓа од редовите на штипска Брегалница каде што во првиот дел од сезоната имаше солидни настапи.

Договорот на Вебстер со Брегалница беше до јуни 2025 година, меѓутоа Шкендија успеа да се договори со штипјани за откуп за одредена оштета која засега не е објавена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот