Од почетокот на годинава нема увоз на струја

Обилните врнежи од дожд несвојствени за овој период од годината се добредојдени ја поправија неповолната хидролошка ситуација, па од почетокот на годинава, не се увезува струја. Податоците од АД ЕЛЕМ, покажуваат дека исполнетоста на акумулациите со кои управува АД ЕСМ на 1 јануари била на ниво од 6 проценти, а на 12 јануари, исполнетоста изнесува 12 проценти.

Како тоа се одразува врз производството на струја, покажува и податокот дека од 35 GWh на 1 јануари, сега имаме 70 GWh акумулирана енергија во акумулациите, а трендот на дневно зголемување изнесува 2 проценти, што дава можност за постепено поголемо ангажирање на хидроелектраните за производство на електрична енергија. Во овој период од годината врнежите вообичаено се претежно од снег, што овозможува зголемени дотоци и постепено полнење на акумулациите со топење на снежната покривка на планините во пролетните месеци април и мај.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Д-р Пановски: Колективен имунитет е делумно создаден - да издржиме овие два месеци и да ја дочекаме пролетта со ниски бројки

-Во октомври, ноември и декември минатата година, АД ЕСМ набави 135,49 GWh електрична енергија, со што целосно го исполни договорот со Универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ, по одлуката донесена од Владата за запирање на производството од хидроцентралите поради лошата хидролошка година. Во 2021 година не се врши набавка на електрична енергија – велат за „Слободен печат“ од АД ЕЛЕМ.

Изминативе денови, беше нотирано дека регионот на Битола е еден од најпогодените од последните врнежи, а таму беше регистриран и зголемен водостој на реките. Имаше излевање на реката Црна во близина на Новаци, односно во блискиот регион на РЕК Битола, но за среќа тоа не направи дополнителни проблеми при ископот на јаглен.

Прочитајте и...  🔴 СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Денешниот Утрински брифинг од 7:30 до 10:30 е во тек!

-Во моментов нема поплави во рудниците, како што беше случајот во текот на ланското лето, но обилните врнежи значително ги отежнуваат условите за работа во рудниците. Сепак, АД ЕСМ и РЕК Битола со сопствени ресурси ја санираат состојбата и се вложуваат сите напори да се задржи стабилно производството на електрична енергија од РЕК Битола – додаваат од АД ЕЛЕМ.

За потсетување, есенската суша, привремено го запре домашното производство на струја, а за да се задоволат потребите, енергенсот се обезбедуваше од увоз, преку фирмата за трговија „ЕЛЕМ трејд“, а исклучувањата во дистрибутивната мрежа, во најголем дел се случуваа најавено и планирано. Од Регулаторната комисија за енергетика, неодамна изјавија дека во овој момент не очекуваат зголемување на цената на електричната енергија и покрај намаленото производство од хидро капацитетите во државата. Според информациите кои ги има РКЕ, сега цената на ЕСМ изнесува 38,8 евра за мегават-час.

Прочитајте и...  ПССЕ: Бугарија нема постигнато значителен напредок во главните области – корупција, малцински права, независност на судството

Поврзани вести

Универзитетот Оксфорд: Загадувањето на воздухот доведува до неповратно губење на видот

И.И.

Процес во три фази: Владата го усвои Националниот план за вакцинација против ковид-19

Слободен печат

Португалија ја претстави агендата за време на претседателството со ЕУ: Преговарачката рамка за С. Македонија меѓу приоритетите

Слободен печат

Курти со забрана за учество на парламентарните избори во Косово

Слободен печат

Се бараат начини за зближување на Скопје и Софија

Слободен печат

АМСМ апелира на внимателно возење: Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Слободен печат

Остави Коментар