Од коронавирусот починаа 1.105.691 лице, а заразени се повеќе од 39 милиони

Мелбурн, Австралија / 14 Октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Најмалку 1.105.691 луѓе во светот починаа од пандемијата на коронавирусот, откако болеста за прв пат се појави во Кина кон крајот на декември, а најмалку 39.368.710 се заразени, објави денеска Бета.рс.

Најмалку 27.117.500 лица се сметаат за излекувани.

Бројот на официјално заразени не го одразува реалниот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.

За еден ден, во светот починале 6.118 лица, а се регистрирани 403.629 новоинфицирани лица. Во последните биланси, најголем број на нови смртни случаи е забележан во Индија 837 смртни случаи, САД со 796 смртни случаи и Бразил со 754 смртни случаи.

Остин, Тексас, САД / 26 јуни 2020 / Фото: Sergio Flores / AFP / Profimedia

САД се најтешко погодена земја во однос на смртни случаи и случаи на инфекција со 218.602 смртни случаи и 8.050.385 заразени, според Универзитетот Џонс Хопкинс.

После САД, најпогодени земјите се Бразил со 153.214 смртни случаи и 5.200.300 заразени, Индија со 112.998 смртни случаи (7.432.680 заразени), Мексико со 85.704 смртни случаи (841.661 случаи на инфекција) и Велика Британија со 43.429 смртни случаи (689.257 заразени).

Меѓу најтешко погодените земји е Перу која има најголем број на жртви според бројот на жители, со 102 смртни случаи на 100.000 жители, следни се Белгија, 89, Боливија, 72 и Шпанија 72.

Кина, со исклучок на Хонг Конг и Макао, официјално забележаа 85.659 случаи, 13 нови случаи меѓу петокот и саботата и 4.634 смртни случаи, оздравени се 80.766 луѓе.

Кингдао, Шандонг, Кина / 12 октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/WANG HAIBIN CHINA OUT

Латинска Америка и Карибите регистрирале 377.952 смртни случаи и 10.402.140 заразени, Европа 248.695 смртни случаи (7.185.938 инфицирани), САД и Канада 228.323 смртни случаи (8.243.966 заразени, Азија 157.980 смртни случаи (9.595.343 заразени), Блискиот исток 52.445 смртни случаи). 2.284.760 заразени), Африка 39.293 починати (заразени 1.623.444), Океанија 1.003 починати (заразени 33.126).

Франс Прес секојдневно објавува дневен биланс заснован на државните податоци од земјите ширум светот и информациите од Светската здравствена организација.

Извор: Бета.рс

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот