Од каде 65 милиони евра за Торес, а експертите ѝ најавуваат банкрот на Барса!?

Феран Торес е на листата на желби на Барселона/ фото: EPA-EFE/Stu Forster

Според најавите Феран Торес од Манчестер сити се сели во редовите на Барселона, а денеска тоа го потврди и менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.

– Да, Феран Торес е блиску до преселба во Барселона. Феран е од Шпанија, Барселона го сака него, тој рече дека сака да си замине, и јас реков…замини. Го контактирав неговиот агент кој го реализира трансферот и тој ќе го напушти клубот. Сакам играчите да бидат среќни – оваа информација ја сподели и експертот за трансфери, новинарот Фабрицио Романо на „Твитер“.

Прашањето што ги интересира многу навивачи и фудбалски фанови е како Барселона, која е во долг од милијарда евра, која мораше да го ослободи Лионел Меси и која побара половина од соблекувалната да ги скрати договорите, одеднаш има 65 милиони евра, колку е проценета отштета за Торес? Секако во таа пресметка треба да се вметне и платата на Торес.

Агуеро поради проблеми со срцето мора предвреме да ја заврши кариерата/ фото: EPA-EFE/Javier Lizon

Заминувањето на Агуеро помогна –

Една од важните точки е пензионирањето на Серхио Агуеро. Прославениот аргентински напаѓач повеќе нема да игра професионално фудбал поради проблеми со срцето. Ова ѝ отвори одреден простор на Барселона под „селери кеп“ (што значи помалку пари за тренерите и играчите). Но, имајќи предвид дека нивните финансии продолжуваат да функционираат над границите поставени од финансискиот фер-плеј на „Ла Лига“, каталонскиот клуб нема да може да ја потроши целата сума што ја заштедил.

Поточно, тие ќе можат да искористат само четвртина од таа сума додека сите нивни расходи не бидат целосно усогласени со прописите на надлежните фудбалски органи. Се проценува дека Барселона би можела да добие околу 20 милиони евра за трошење. Еден бирократски трик може да ѝ помогне на Барселона.

Бразилецот е најплатен играч во Барселона/фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Сè ќе зависи од договорот со Торес, но и од заминувањата на непотребните играчи –

Имено, голема е веројатноста Торес првично да се договори за минималната плата во Барселона. За шест месеци во тек е нова ревизија на нејзиниот бизнис и неопходно е да се намалат платите и другите трошоци за првиот тим во тој период.

Секако, договорот со Торес би содржел клаузула според која неговата плата значително би се зголемила по шест месеци. Клубот наводно преговара за слично нешто со Дембеле, ѕвезда на која му истекува договорот, но Барселона сака да го продолжи за францускиот напаѓач, на кој досега потроши речиси 200 милиони евра, да не остане на слобода на лето.

Важно е и колку Барселона ќе биде вешта во продажбата на непотребни играчи. Веќе пишувавме за тоа дека Дест е „отпишан“ на Камп Ноу, а клучна ќе биде евентуалната продажба на Фелипе Кутињо. Гласините се дека Чави не смета сериозно на него, а неговото заминување за Барселона би донело многу простор за маневар со оглед на неговата плата од околу девет милиони евра годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот