Од ФФМ разочарани поради односот на одговорните лица во Општина Прилеп

фото: ffm.mk

Од федерацијата очекуваат барем почит и пристоен дијалог, по се што ова раководство на федерацијата направи за реконструкцијата на стадионот и ги исполни сите обврски од договорот.

Фудбалската федерација на Македонија изразува разочарување од односот на одговорните лица во Општина Прилеп и изјавите споделени од страна на градоначалникот на општината, Илија Јованоски кои се однесуваат на реконструкцијата на стадионот „Гоце Делчев” и договорените обврски меѓу Фудбалската федерација на Македонија и општина Прилеп.

ФФМ не бара благодарност за целокупниот придонес кој го даде во реализација на целиот проект, но очекува барем почит и пристоен дијалог, по се што ова раководство на федерацијата направи за реконструкцијата на стадионот и ги исполни сите обврски од договорот.

Како сериозна и транспарентна организација ФФМ го споделува договорот со општина Прилеп за реконструкција на стадионот „Гоце Делчев“ во кој се наведени обврските на договорните страни. Во продолжение може да го преземете договорот со потпишаните обврски за реконструкција на стадионот меѓу Фудбалска федерација на Македонија и општина Прилеп.

ФФМ: Стадионот во Прилеп може да организира и вечерни натпревари!

Во однос на точките кои општина Прилеп ги сподели како нереализирани од страна на ФФМ, потенцираме, а тоа е јасно наведено во договорот, дека федерацијата нема обврска за поставување на тревник зад двата гола, но изразуваме подготвеност да го реализираме и тој дел, односно ФФМ да постави тревна површина зад двата гола, во услови кога временските прилики ќе дозволат да се направи тоа.

Во однос на рефлекторското осветлување потенцираме дека по извршените тестови, извештајот од надзорот за осветлувањето потврди дека истото функционира според сите домашни и меѓународни стандарди.

Една од важните забелешки е дека општина Прилеп треба да изгради трафостаница за снабдување со електрична енергија, а потоа да се изврши фокусирање на светлото за рефлекторите – соопштуваат од фудбалската федерација.

Од ФФМ воедно сметаат дека е беспредметно да се навлегува во расправа или убедување во однос на забелешката за „нивелирање на прскалка“ за тревната површина во услови кога сите присутни и од страна на инвеститорот и страна на надзорот констатираа дека се испочитувани сите стандарди со поставувањето на новата тревна подлога (тревни бусени), модерен дренажен систем и нов автоматски систем за иригација – полевање, нова песочна подлога и тревен бусен од природна трева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот