ФФМ: Стадионот во Прилеп може да организира и вечерни натпревари!

фото: ffm.mk

Надежите се дека во скоро време општината ќе го заврши својот дел од работите поврзани со трибините…

Како што информираат од Фудбалската федерација на Македонија, поставена е нова тревна подлога и рефлекторско осветлување.

Претставници на Фудбалската федерација на Македонија извршија примопредавање со Општина Прилеп после целосното завршување на инфраструктурните работи на стадионот “Гоце Делчев” во Прилеп кои беа во надлежност на ФФМ. Според договорот, сега стадионот е целосно во надлежност на Општина Прилеп.

Фудбалската федерација на Македонија со средства од „Хет-трик” програмата на УЕФА го финансираше поставувањето на целосно нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнување, а исто така, многу значајно е тоа што се постави и целосно ново рефлекторско осветлување и сега на стадионот има можност да се одигруваат и натпревари под рефлектори.

фото: ffm.mk

Функционирањето на рефлекторите беше тестирано од страна на инвеститорите и надзорот, и оценката е дека ги исполнуваат критериумите за одигрување на вечерни натпревари.

Во договорот со општина Прилеп, општината треба да изгради посебна трафостаница за користење на новото осветлување на стадионот “Гоце Делчев”, а љубителите на фудбалот се надеваат дека во многу скоро време општината ќе го заврши својот дел од работите поврзани со трибините и потрибинскиот простор и конечно стадионот ќе го добие својот вистински фудбалски лик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот