Од еден донор утрово спасени четири животи на скопските хируршки и интерни клиники

Фото: Министерство за здравство

На скопските хируршки и интерни клиники рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје, нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези, благодарение на дарител од кои беа експлантирани четири органи во еден акт – соопштија од Министерството за здравство.

Дополнитено, шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања.

Фото: Министерство за здравство

Уште еднаш благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука ни донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина. Благодарност до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и се уште работат на скопските хируршки и интерни клиники – велат од Министерството.

Тие посакаа брзо опоравување на пациентите кои добија органи и порачаа дека се горди на успесите во македонското здравство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот