Од денеска плаќање во кеш најмногу до 500 евра

Од денеска граѓаните во земјава ќе може да плаќаат во ќеш најмногу до 500 евра. Во сила стапија измените на Законот за платен промет, кој според министерот за финансии, е мерка во борбата против сивата економија.

– Клучно е дека оваа мерка се спроведува со цел да се намали сивата економија и затоа што со плаќање на црно, практично се прави штета на граѓаните. Заради тоа ние презедовме мерка за спуштање на лимитот за плаќање во кеш и таа мерка се спроведува од порано бидејќи првиот лимит беше на 2.000 евра и успешно се реализира, потоа од 1 јануари годинава лимитот беше спуштен на 1.000 евра, а од денеска ќе биде до 500 евра, изјави Тевдовски.

Во Законот јасно е нагласено дека од 2.000 евра лимитот ќе се напамали на 1.000 евра и ќе се застане на 500 евра.

Тоа, според министерот, е добро, бидејќи тоа е борба против сивата економија и против плаќањата што не се пријавени и не се оданочени.

– Ние имаме институционален капацитет да ја спроведеме оваа мерка, покажавме дека тоа од минатата година успешно се спроведува и така ќе продолжиме, порача министерот Тевдовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот